Реал демантира: Никогаш не сме преговарале со Родри

23.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал демантира: Никогаш не сме преговарале со Родри
фото: Manchester City (X)

Реал Мадрид ги отфрла наводите на медиумите за наводен интерес за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Клубот е иритиран од гласините за потенцијален трансфер на 30-годишникот, и покрај тоа што немале никаков контакт со него.

Според весникот „Ас“, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, има намера да всади стил на игра кој не е соодветен за Родри. И покрај ставот на „Лос Бланкос“, шпанскиот играч од средниот ред моментално е на трансфер пазарот. Манчестер Сити би можел да го продаде најдобриот фудабелер од Светското првенство во 2026 година за приближно 60 милиони евра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата