Полувреме: Шпанија – Аргентина 0:0! Премногу тактика, и игра без ризик!

19.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полувреме: Шпанија – Аргентина 0:0! Премногу тактика, и игра без ризик!
ФОТО:x.com/SpainIsFootball

Шпанија – Аргентина 0:0 по првото полувреме од големото финале на Мундијалот кое се игра на “МетЛајв“ во Њу Џерси. Светот очекуваше спектакл, но засега нема ништо од тоа.

Шпанија очекувано ја имаше иницијативата, поседот, инсистираше на својот стил и со три закани. И тоа преку Јамал во 5.минута, Ојарзабал во 39.минута и шутот на Кукуреља покрај голот.

Аргентина резервирана, Меси и другарите не ризикуваа ништо, не искреираа ниту една шанса, немаа ниту еден удар кон голот на Унаи Симон.

Засега е „тенко“ ова финале, се очекува некоја искра за да го “запали“ овој натпревар.

Да кажеме и тоа дека Лисандро Мартинез се повреди во финишот на полувремето, па мораше да биде заменет со Отаменди кај Аргентина.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата