Пирло нема да биде селектор на Италија, Малдини најавил оставка

27.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пирло нема да биде селектор на Италија, Малдини најавил оставка
ФОТО: FC Juventus/FB

Андреа Пирло нема да биде назначен за селектор на италијанската репрезентација. Веста денеска ја објави „Скај Спорт“.

Сите состаноци поврзани со раскинувањето на тековниот договор на тренерот и последователното потпишување на договор со Италијанската фудбалска федерација, наводно, се откажани.

Исто така, се забележува дека претседателот на федерацијата, Џовани Малаго, сè уште не дал зелено светло за продолжување на работата околу назначувањето на Пирло. Техничкиот директор на федерацијата, Паоло Малдини, и неговиот советник Леонардо би можеле да поднесат оставка доколку Пирло не стане селектор на италијанската репрезентација.

Претходно беше објавено дека соработката на Пирло со руска обложувалница, која предизвика голема полемика во Италија, би можела да влијае на неговиот договор со репрезентацијата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата