Отаменди објави завршување на репрезентативната кариера

24.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отаменди објави завршување на репрезентативната кариера

Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди (38) го објави своето повлекување од националниот тим, за кој играше 17 години, запишувајќи 139 настапи.

Отаменди ја освои светската титула (2022) со дресот на „Гаучосите“, две титули на Копа Америка (2021, 2024) и сребро на неодамна завршеното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

„Денес морам да ги напишам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар да биде финалето на Светското првенство. Тоа не беше резултатот што го сакавме, но си заминувам со крената глава, знаејќи дека овој тим даде сè од себе до последната секунда. Ти благодарам, Аргентина, што ми дозволи да го остварам мојот сон да станам светски шампион“, напиша тој на социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата