Меси влезе во игра во 70-тата минута: Погледнете што направи две минути подоцна (ВИДЕО)

10.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси влезе во игра во 70-тата минута: Погледнете што направи две минути подоцна (ВИДЕО)

Лионел Меси имаше брилијантна улога во победата на Аргентина од 3-0 над Исланд на две недели пред неговиот 39-ти роденден. Лионел Меси од пенал во 72-та минута се запиша во листата на стрелци во меч кој се одигра пред 88.043 гледачи на стадионот на кампусот на Универзитетот Обрн во американската држава Алабама.

Актуелниот светски шампион на тој начин ги заврши подготовките за одбрана на титулата.

Меси го постигна 117-ти гол за Аргентина во 199 настапи за репрезентацијата. Моментот можете да го видите ТУКА.

Аргентина на Светското првенство започнува против Алжир на 17 јуни. Пет дена подоцна, тие играат против Австрија, а ја завршуваат својата група на 28 јуни против Јордан.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата