По неуспехот на штотуку завршниот Мундијал, репрезентацијата на Белгија го промени селекторот. Руди Гарсија си замина и официјално, а на негово место фудбалската федерација на оваа земја го назначи Марк Ван Бомел.
Холанѓанецот кој што има 49. години во моментов, официјално ќе ја преземе функцијата на 15 август, а има договор до 2028 година.
„Голема чест е да станам селектор на Белгија. Ѝ благодарам на Белгиската фудбалска федерација за укажаната доверба. Белгија има исклучителни играчи и огромен потенцијал. Заедно со стручниот штаб, сакаме да изградиме дисциплиниран, амбициозен и храбар тим, способен рамноправно да се натпреварува со најдобрите“, изјави Ван Бомел.

