Феран Торес влезе во историјата како човекот кој ѝ ја донесе на Шпанија втората титула на Светското првенство. Напаѓачот на Барселона влезе како замена во финалето против Аргентина и го постигна победничкиот гол во продолжението.
„Многу тешко финале. Вакви натпревари никогаш не се лесни. Направивме сè што можевме и успеавме да победиме“, рече Феран Торес неколку минути по триумфот.
„Сè зависеше од нас. Играњето против Меси беше неверојатно. Имавме доволно сила и тоа ни помогна“, продолжи напаѓачот на “Фуријата“.
„Чувството е неописливо во моментов. Исто така, има многу олеснување. Верувам дека ни беше судено да победиме во финалето и да го освоиме Светското првенство“, додаде среќниот Феран Торес.

