Го нарече судијата идиот, па го суспендираа пет натпревари

25.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го нарече судијата идиот, па го суспендираа пет натпревари

Напаѓачот на шпанска Алмерија, Ларжи Рамацани нема да може да му помогне на тимот во наредните пет натпревари затоа што е суспендиран од страна на Ла Лига. Причината за казната е тоа што 23-годишниот Белгиец го навредил судијата на мечот со Виљареал. Рамацани во еден момент го нарекол судијата „е**н идиот“. За ова етичката комисија при ФФ на Шпанија го казни фудбалерот со пет меча и парично со 2400 евра.
Оваа сезона Рамацани одигра 31 меч со ефект од четири гола и пет асистенции. Алмерија е на 20-тото место на табелата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата