Даде четири гола па се посрамоти: Халанд ги фрлаше копачките (ВИДЕО)

5.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Даде четири гола па се посрамоти: Халанд ги фрлаше копачките (ВИДЕО)

Норвешкиот фудбалер, Ерлинг Холанд денеска постигна четири гола за Манчестер Сити во победата над Вулверхемптон (5:1), но по натпреварот повеќе се зборува за неговиот гнев. Пеп Гвардиола реши да го „извади“ од теренот во 81. минута и да го спаси за крајот на сезоната, бидејќи играта веќе беше решена, но Норвежанецот беше многу лут затоа што сакаше да го одигра целиот натпревар.

Како што се приближуваше до линијата, тој мрмореше, а можеби и го пцуеше Пеп Гвардиола. Тренерот го поздрави со насмевка, му испрати неколку зборови на разбирање, но потоа најдобриот стрелец на Сити продолжи да ги фрла копачките на клупата изразувајќи го своето незадоволство.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата