Веднаш по Светското првенство во 2026 година, Германија изрази желба да биде домаќин на турнирот во 2038 или 2042 година, објави „Атлетик“.
Извршниот директор на Ајнтрахт Франкфурт и член на одборот на Германската фудбалска федерација, Аксел Хелман, за домашните медиуми истакна:
„Би биле среќни да бидеме домаќини на Светското првенство, а и Германската федерација и претседателот Нојендорф, сакаат да поднесат кандидатура за 2042 година, а можеби дури и за 2038 година. Сè зависи од прописите на ФИФА. Германија има инфраструктура – стадиони, мобилна и хотелска инфраструктура. Секој натпревар ќе биде распродаден. Ќе биде успех. Постои можност за поднесување кандидатура за 2038 година, но сум апсолутно сигурен дека во 2042 година имаме многу добри шанси да бидеме домаќини на успешен турнир“, изјавил Хелман.

