Додека светот очекува Хулијан Алварез да биде промовиран во некои од шпанските гиганти, како Барселона или Реал Мадрид, тимот на Арсенал потајно се надева на пресврт на настаните, и купување на мега звездата на Атлетико Мадрид.
Алварез е најбараниот играч летово, и тој многу веројатно се сели од Алтетико. Но каде сеуште не е познато. Тој ја преферира Барселона, евентуално Реал Мадрид. Но, прашање е Барса дали може да издржи финансиски ваков потег, Реал со тешко срце би ја наполнил касата на најголемиот свој ривал, па ете во сета таа мешаница, Арсенал гледа шанса за да го доведе напаѓачот.
Парите кога станува збор за Премиер лигата не се проблем, особено за играч како Алварез, а конечната одлука секако дека ќе ја донесе аргентинецот. Истата нема да е лесна, од него се очекува сериозен импакт каде и да замине, па на неа очигледно дека ќе се почека уште неколку дена.
Во летото 2024 година, Атлетико го купи 26. годишниот Аргентинец од Манчестер Сити за 75 милиони евра. Во сезоната 2025/2026, напаѓачот одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 9 асистенции.

