Анчелоти: Малкумина очекуваа да бидам на оваа прес-конференција!

30.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анчелоти: Малкумина очекуваа да бидам на оваа прес-конференција!
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја покажа својата типична смиреност пред важниот судир против Баерн Минхен (21 часот) на гостински терен во првото полуфинале од Лигата на шампионите. Во претходното коло, Шпанците го елиминираа трофејниот Манчестер Сити.

„Малкумина очекуваа дека ќе бидам на оваа прес-конференција“, прокоментира Анчелоти во главниот град на Баварија. Тој е поранешен тренер на Баерн, каде за прв пат во кариерата доби отказ.

„Луѓето веќе очекуваат да бидеме во финалето во Лондон, но тоа не ми пречи. Имаме самодоверба да се соочиме со противник кој сезонава не се снајде толку добро во Бундеслигата, но успеа да се носи со Арсенал. Историјата е важна во Лигата на шампионите и тоа е во наша корист“, продолжи тренерот.

Предводникот на “кралевите“ потенцира дека не треба да им дозволуваат контранапади на противникот, во полуфиналето мора да го прикажат најдоброто.

„Јас и Баерн сме слични по тоа што во моментов двата тима немаат јасен идентитет на теренот. Можеме да играме на различни начини. Сега не планирам ништо посебно во однос на тактиката за борбата. Ќе игра Чуамени, но не знам на која позиција. Милитао е здрав и достапен исто така. Треба да бидеме внимателни, добро да се браниме, да не дозволуваме контранапади и успешно да напаѓаме. Кога си во полуфинале, мора постојано да бидеш на врвот.
Најважната улога не е тренерот, туку самите играчи. Постојат два вида ментори: оние кои не допираат ништо и оние кои принудуваат бројни промени. Се трудам да бидам еден од првите. Играчите се тие на теренот. Можете да им објасните одредена тактика, да ги убедите како да постапат, но тие се оние од кои се зависи. Работата на тренерот е да се фокусира на тоа неговиот тим да ја разбере важноста на тимската игра“. 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата