Романскиот второлигаш Корвинул е освојувач на националниот Куп откако на пенали беше подобар од Оцелул од Галац. Корвинул не успеа да избори промоција во најсилната романска лига, но успеа да го освои трофејот од Купот откако го победи Оцелул со 3:2 на пенали, а во регуларниот дел мечот заврши 2:2.
Првпат по 1973 година екипа која не е од Суперлигата ќе игра во Европа идната сезона. Корвинул кој доаѓа од градот Хунедоара во областа Трансилванија, во следната сезона ќе игра во квалификациите за Лига Европа.
Инаку, овој клуб под името ФК Хонедоара настапувал во УЕФА купот во сезоната 1982/83 и тогаш во првото коло го елиминирал австриски ГАК, а во второто коло изгубил од Сараево.
ФОТО: https://www.facebook.com/fccorvinul1921