Ди Каприо се забавува со манекенки на супер јахта од 150 милиони долари (ФОТО)

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ди Каприо се забавува со манекенки на супер јахта од 150 милиони долари (ФОТО)

Според изворот, Ди Каприо се дружел со Тоби Мегваер и Хејли Нахмад на вечера исполнета со манекенки што ја приредил неговиот пријател и магнат на социјалните мрежи Ричи Акива.

Изворот пренесува дека забавата започнала после полноќ и траела до пет часот наутро, а меѓу гостите биле и многу познати фаци: Венус и Серена Вилијамс, Џаред Лето, трговецот со уметнички дела Вито Шнабел, тенисерот Рајли Опелка, Виви Нево, дипломатот Паоло Замполи и „сто манекенки“.

– Таму имаше околу стотина модели. Буквално немам видено повеќе манекенски во животот, никој не изгледаше „нормално“. Беа само манекенки, манекенки, манекенки… – опишал изворот на Пејџ Сикс и додал дека на јахтата имало и група девојки облечени во „фустани со мониста без ништо одоздола, без долна облека“.

Имено, Ди Каприо разговарал со Бертарели, чија имотна вредност се проценува на 8,5 милијарди долари и чија семејна фондација се фокусира на зачувување на морињата и океаните.

Сосема иронично имајќи предвид дека суперјахта со полно работно време на екипажот, хелиодром, подморници и базени испушта околу 7.020 тони CO2 годишно, што ја прави „убедливо најлошото богатство што можете да го поседувате за животната средина“, се вели во извештајот на Fast Company. . За ситуацијата да биде уште поапсурдна, 48-годишниот Ди Каприо има своја фондација и е еколошки активист. Инаку, Ди Каприо присуствувал на забава на јахтата на Бертарели и претходно во текот на летото.

Исто така, во Мајами, Ди Каприо присуствуваше на годишниот настан на Шон Пен организиран за неговата добротворна организација „Core“ во куќата на плажата Сохо, каде што тој даде на аукција уметничко дело од неговата приватна колекција.

Настанот собра милион долари и имаше настапи на Дипло, Солеил Мун Фрај, хотелиерката Алана Фену и Ранди Гербер, како и музичарот Виклиф Жан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата