Медиуми: Десетици албански деца ИСЧЕЗНАТИ во Англија

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Медиуми: Десетици албански деца ИСЧЕЗНАТИ во Англија

Речиси 20 отсто од децата мигранти без придружба од Албанија, кои годинава ги прифати Советот на округот Кент во Англија, се водат како исчезнати, пишуваат медиумите.

Локалните власти до 31 октомври примија 197 албански деца, од кои 39 се водат како исчезнати.

„Екпат УК“, која ја води кампањата за заштита на децата од експлоатација, изјави дека бројките се многу загрижувачки.

Советот истакна дека тесно соработувал со Министерството за внатрешни работи и со полицијата за заштита на загрозените деца. Тој рече дека се грижел за 197 албански деца кои биле обработени во прифатната единица на Министерството за внатрешни работи во Кент во периодот од 1 јануари до 31 октомври.

Советот додаде дека од 7 ноември 39 се исчезнати, но и дека оттогаш некои деца наполниле 18 години. Според владините бројки собрани од Би-Би-Си, 44.122 луѓе го поминале Каналот со мали чамци досега оваа година, во споредба со 28.461 во 2021 година.

Ова предизвика преработувачкиот центар Манстон во Кент да биде преоптоварен.

Советот на округот Кент во соопштението наведе дека има значително зголемување на бројот на албански деца без придружба упатени во неговите служби и дека тие се ранливи на експлоатација.

Советот исто така се обврза да утврди дали системот може да се подобри за тоа да не се случува во иднина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата