Ана Винтур го прекрши сопственото модно правило, но блесна во Белата куќа (ФОТО)

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ана Винтур го прекрши сопственото модно правило, но блесна во Белата куќа (ФОТО)

А за оваа пригода остана доследна на својата боб фризура со шишки и очила за сонце.

Уредничката на „Вог“ и една од најмоќните луѓе во светот на модата, Ана Винтур, вчера присуствуваше на настан во Белата куќа што се одржа во чест на доаѓањето на францускиот претседател Емануел Макрон.

По тој повод Ана се одлучи за долг, црн фустан на Шанел од 1983 година со златни детали.

Во црно од глава до пети, Ана го прекршила своето модно правило кое си го наметнала, кое гласи:

„Не носете целосно црно. Изгледа премногу мрачно, како да одите на погреб“, рекла таа еднаш.

Фото:  Pool via CNP

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата