Шер за врската со 40 години помлад маж: Изгледа чудно, но одлично се сложуваме (ВИДЕО)

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шер за врската со 40 години помлад маж: Изгледа чудно, но одлично се сложуваме (ВИДЕО)

„На хартија, нашата врска изгледа малку смешна. Меѓутоа, во реалниот живот одлично се сложуваме“, рече таа и додаде дека обично не ги фали мажите кои не го заслужуваат тоа.

“Александар е феноменален, многу љубезен, многу талентиран и има смисла за хумор. Исто така мислам дека е многу убав”, изјавила познатата пејачка.

Шер претходно на Твитер ја потврди врската со помладиот музички продуцент Александар Едвардс. Таа пред неколку дена сподели фотографија од новиот партнер и напиша дека тој ја третира „како кралица“. Таа откри и дека веќе го запознала неговото семејство.

Исто така, после тоа, таа на Твитер сподели нова фотографија од своето момче без кошула и напиша: „Ова на другите им изгледа чудно, дури и мене, но љубовта не знае математика“. Еден корисник на оваа социјална мрежа ја прашал кои се најдобрите особини на нејзиниот нов партнер, а американската пејачка (76) одговорила дека таа и нејзиниот 36-годишен дечко се „бакнуваат како тинејџери“.

Да потсетиме, Шер двапати се разведуваше и со покојниот поранешен сопруг Сони Боно го има синот Чаз Боно (53) , а со покојниот поранешен сопруг Грег Алман го има синот Елајџа Блу Алман (46).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата