НИКОЛИНА ГО УБИ ВИДОЈЕ, таа е ЗЛА жена! Свекорот на водителката со нови шокантни тврдења

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НИКОЛИНА ГО УБИ ВИДОЈЕ, таа е ЗЛА жена! Свекорот на водителката со нови шокантни тврдења

Водителката Николина Пишек пред два месеци го загуби сопругот Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина на 43-годишна возраст. Брзо откако Видоје беше испратен во вечното почивалиште, Николина влезе во жесток конфликт со свекорот на Виктор Ристовиќ, Миша Гроф, кого го обвини дека нејзе и на нејзината ќерка им го ускратил наследството, а нивната јавна војна не стивнува.

Сега Миша ги откри непознатите детали од брачниот живот на Пишекова и Ристовиќ, а потоа шокираше кога снаата ја обвини  за смртта на синот.

– Николина ми го уби синот! Сакаше куќи, патувања, базени, барови, фирми… Потроши ненормални суми. Видоје ја школуваше ќерка и од првиот брак во Лондон и ги финансираше нејзините трошоци. Не знам каков имот сака, Видоје беше богат, но тоа се мои пари. Мора да е свесна дека ништо нема да и дадам, а ако почнам да откривам се што знам за неа, ќе биде уапсена, бил остар Миша на самиот почеток од разговорот, кој потоа ги откри шокантните детали од бракот на Видоје со презентерката.

 

 

– Николина беше со Видоје само за пари, не спиеја заедно повеќе од две години. Доаѓаше во Загреб, и ги носеше парите што ги бараше, а потоа одеше во хотел да спие. Таа жена беше ненаситна, бараше стан во Лондон, кучињата и одеа на маникир, постојано почнуваше некои бизниси, заедно го пропатуваа пола свет. Кога веќе не знаеше што да прави со парите ги фрлаше на глупости, за време на бракот му потроши милиони евра. Никогаш не му кажав збор на син ми, само сакав да биде среќен, иако бев свесен за се. Меѓутоа, поради неа веќе немам дете, а не сакам да молчам – рекол ожалостениот татко, а потоа објаснил зошто ја гледа Николина како виновник за смртта на Видоје.

За време на бракот Николина и Видоје ја добија ќерката Уна Софија, а Миша Гроф истакна дека на неговата внука ништо нема да и недостасува во животот.

– Ги обожавам моите внуци. Уна е прекрасно девојче, не знам како успеа да биде таква од толку злобна мајка. Сè уште е многу млада, не е свесна за се. Можам да кажам дека ќе биде обезбедена до крајот на животот, ништо нема да и недостасува, но Николина нема да добие ни динар од мене, категоришен бил Миша Гроф.

 

Vidoje Ristović

Миша потврдил колку е лошо неговото мислење за снаата кога ја споредил со командант на логор.

-Колку е жената опасна и злобна говори фактот што имам докази дека многу блиски луѓе побегнале од неа за да си го спасат животот. Таа би била командант на Јасеновац, верувајте. Толку е лоша. Никогаш во животот не сум ја видел нејзината насмевка, а сега кога син ми е мртов, таа позира насмеана, рекол налутено.

Миша ги коментирал и пишувањата на хрватските медиуми дека Николина активно бара работа на телевизија.

– Кариерата и ја финансираше Видоје, тој плати да биде водителка… Таа жена е желна за публицитет, ништо од неа не може да ме изненади. Мојот син не се олади, а вака се однесува, заклучил Миша.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата