Кинеските автомобили, според сите сметки, се повеќе од подготвени да се соочат со европската конкуренција. Бројките не лажат, а јасно покажуваат дека кинеските производители како BYD и MG бележат драматичен пораст на продажбата на европскиот пазар. Анализите забележуваат дека кинеските автомобили не само што се справуваат со европските ривали кога станува збор за технологијата, туку често ги надминуваат нивните перформанси, сето тоа по цена која е пониска за најмалку 20 проценти.
BYD, еден од водечките кинески производители на електрични возила, продаде само 186 автомобили за месец дена во Европа минатиот август. Меѓутоа, во август оваа година таа бројка скокна на 2.685 продадени возила. Неговиот модел MG4 не само што се продава добро, туку и ги надмина моделите како BMW Серија 5 и Mercedes E Класа.
Од друга страна забележителни резултати постигна и MG, дел од кинескиот гигант SAIC.
Минатиот август компанијата продаде 5.338 автомобили, додека годинава таа бројка порасна на 14.411. Само во оваа година MG продаде 132.785 автомобили во Европа. Нивниот модел MG4 сега е меѓу 40-те најпродавани автомобили во Европа, а компанијата забележа подобри продажни резултати од Volvo, Suzuki и Mini.
Се разбира, не е се во растот на кинеските автомобилски брендови, Кинезите произведуваат се повеќе делови за други автомобилски брендови. Расте и Tesla, чии делови за автомобили се произведуваат во Кина, како и другите производители како Jeep, Cupra, Renault и луксузниот Lexus.
Во светло на овие податоци, прашање е како традиционалните европски производители на автомобили ќе се прилагодат на новите предизвици, особено ако се земат предвид и најавените нови даноци за кинеските производи. Без разлика на се, едно е сигурно: кинеските производители на автомобили се сериозни играчи на европскиот пазар и нивното влијание само ќе расте во наредниот период.
Од друга страна забележителни резултати постигна и МГ, дел од кинескиот гигант SAIC. Минатиот август компанијата продаде 5.338 автомобили, додека годинава таа бројка порасна на 14.411. Само во оваа година МГ продаде 132.785 автомобили во Европа. Нивниот модел MG4 сега е меѓу 40-те најпродавани автомобили во Европа, а компанијата забележа подобри продажни резултати од Volvo, Suzuki и Mini.
Се разбира, не е се во растот на кинеските брендови. Расте и Tesla, чии делови за автомобили се произведуваат во Кина, како и другите производители како Jeep, Cupra, Renault и луксузниот Lexus.
Во светло на овие податоци, прашање е како традиционалните европски производители на автомобили ќе се прилагодат на новите предизвици, особено ако се земат предвид и најавените нови даноци за кинеските производи кои ЕУ сака да ги воведе за да ја заштити европаката автои индустрија.
Без разлика на се, едно е сигурно: кинеските производители на автомобили се сериозни играчи на европскиот пазар и нивното влијание само ќе расте во наредниот период.