Ученичка со тужба до директорот, кој ја удрил поради хиџаб - сега Франција ја тужи неа

28.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ученичка со тужба до директорот, кој ја удрил поради хиџаб - сега Франција ја тужи неа

Според француските закони, носењето хиџаб и никаб во јавните институции не е дозволено, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги симнале шамиите.

Третата не сакала и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие функционери, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди за влез на исламисти во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило во МВР, јавува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Според Би-Би-Си, политичарите и од левицата и од десницата изразиле огорченост што долгата кариера на професорот била скратена поради кампањата на омраза на Интернет.

Лидерот на десничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен, на Платформа Х рече дека владата не е во состојба да ги заштити француските училишта.

Борис Валод од Социјалистичката партија истакна дека ваквата состојба е „неприфатлива“, а дека оставката на директорот поради смртни закани е „колективен неуспех“.

Во одделен инцидент, неколку училишта во Париз беа принудени вчера да се затворат откако добија закани за бомби од наводни исламисти.

Минатата недела, околу 30 други училишта во областа Париз добија слични закани, придружени со видео од обезглавување.

Иако од инспекторите се бара сериозно да ги сфатат заканите, тие велат дека не можат да исклучат дека тие се дел од руска кампања за дезинформации.

Би-Би-Си објави дека Атал претходно овој месец предупредил дека Кремљ се впушта во „масивни напори за дестабилизација“ за да ја поткопа француската поддршка за Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата