Светските агенции јавуваат за втора серија беспилотни дронови кои од Иран патуваат преку Ирак кон Израел. Се појавија и снимки од небото над Ирак на кои се гледаат иранските дронови во лет.
Според првичните вести дроновите се сметаат за претходница на подоцнежните проектили со поголема моќ кои Иран ги има на располагање, а дроновите треба да откријат планови на израелската противвоздушна одбрана и да бидат маскирање на ракетите кои следат. Оваа можност ја потврди вечерва и иранската државна телевизија.
На социјланата мрежа Телеграм се објавуваат вести и слики од напад со дронови и од територијата на Либан, сосед на државата Израел. Израелската војска објави снимки на кои се коментира дека се делува против нападот со дронови од Либан. Иранската агенција Тасним објави диео со снимка од ирански дронови во лет над Ирак.
Американската телевизија Еј-Би-Си тукушто објави дека се очекува напад со 400-500 ирански дронови врз Израел како прва фаза од планот.
Според израелското радио Кан дронови се лансираат кон Израел не само од Иран, туку и од Јемен и Либан а во тек е сајбер напад врз израелската противвоздушна одбрана. Според Тајмс оф Израел израелските авиони и противвоздушна одбрана пресретнуваат дронови над Јордан и Сирија.
Израелските власти објавија дека се целосно подготвени “за неколкудневна конфронтација со Иран“.
Американски авиони ловци се подигнати и активни на небото над Ирак и Јордан подготвени да ги пресретнат иранските дронови пред да стасаат до територијата на Израел. Пред два дена Иран упати порака до САД да не се мешаат во нивната интервенција против Израел и дека, во спротивно, американските сили ќе бидат цел на Иран.
Администрацијата на Бајден очекува ирански напад од големи размери врз владините објекти во Израел“, вели Ен-Би-Си, повикувајќи се на американски претставници.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјави дека конфликтот на Блискиот исток со вклучување на Иран против Израел може да биде почеток на голема, глобална војна.
Во Индија се објавуваат видео снимки и коментари за потенцијалот на конфликтот помеѓу Иран и Израел:
Првите резултати и последици од почетокот на иранскиот напад можат да се очекуваат за неколку часа, а тие зависат од израелскиот одговор како и од степенот на вклученост на воените сили на САД кои се веќе широко распоредени во регионот.
Светските агенции објавуваат со кој потенцијал би можел да делува Иран против Израел наведувајќи дека Иранците имаат информации и искуство од војната во Украина каде се користи нивно оружје и делуваат нивни експерти, и дека последниве години многу напредувале во технолошка соработка со Кина и Русија.
Последните информации за иранскиот ракетен потенцијал кои се јавно достапни се од пред две или три години, практично пред воената инвазија на Русија во Украина и активната соработка на Иран со Русија и Кина во унапредување на воениот потенцијал.