Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши

15.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши

- Мислам дека ќе гледате неверојатни два дена кои се пред нас, наведе Трамп.

Тој истакна дека нема да биде потребно да се продолжи двонеделното примирје, што истекува следната недела.

- Мислам дека може многу брзо да заврши. Набрзо ќе заврши, посочи Трамп.

Претставници на Пакистан, на Иран и на неколку држави од Персиски Залив изјавија дека американските и иранските преговарачи ќе се вратат во Исламабад во текот на неделата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата