Мунир се смета за еден од највлијателните посредници меѓу САД и Иран.
Иранската државна телевизија IRIB, повикувајќи се на информирани извори, објави дека се очекува Мунир да достави порака од Вашингтон. Телевизијата наведува дека пораката е поврзана со можната втора рунда преговори во пакистанската престолнина Исламабад, како и со продолжување на сегашниот прекин на огнот.
Претходната рунда разговори одржани во Исламабад заврши во неделата без никаков пробив во позициите.
Примирјето, кое стапи на сила на 8 април, треба да истече следната среда.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно сигнализираше можност за втора рунда преговори.
„Нешто може да се случи во следните два дена“, изјави тој телефонски за „Њујорк Пост“ , без да даде дополнителни детали, потсетува ДПА.

