Руски дрон удрил во станбена зграда во Романија

30.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски дрон удрил во станбена зграда во Романија

 Инцидентот повторно ги крена тензиите на источното крило на алијансата, бидејќи Романија е членка на НАТО и на Европската унија.

Од НАТО најавија дека ќе проценат како дополнително да ја зајакнат одбраната на Романија и на целата алијанса од закани од беспилотни летала. Дронот погодил станбена зграда во Галаци, при што биле повредени две лица и избувнал пожар, додека романските власти го оценија случајот како сериозно нарушување на безбедноста.

Постојаниот претставник на САД во Нато, Метју Витакер, го осуди „неодговорниот упад“ и порача дека соединетите американски држави ќе ја бранат „секоја педа од територијата на НАТО“. Алијансата, пак, повтори дека ќе остане подготвена да ја заштити секоја сојузничка земја.

Москва ја оспорува одговорноста и тврди дека потеклото на леталото треба дополнително да се утврди. Но за НАТО и Букурешт, падот на дронот врз станбена зграда во Романија е уште еден знак дека војната во Украина сè почесто се прелева врз безбедноста на Европа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата