Путин го одби предлогот на Зеленски за директна средба

6.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин го одби предлогот на Зеленски за директна средба

Говорејќи на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, Путин упати критики кон Зеленски и порача дека не е најважна возраста на лидерите, туку нивната способност успешно да ја извршуваат својата работа.

Претходно, Зеленски испрати отворено писмо до рускиот лидер во кое предложи директни разговори и оцени дека продолжувањето на војната носи сè поголем товар за руската економија и армија. 

Путин, пак, изјави дека никогаш не одбил состанок, но нагласи дека пред евентуална средба мора да има сериозни подготовки и договорени основи за разговорите. Тој повторно се повика на разговорите што ги имал со Доналд Трамп во Алјаска минатата година.

Во своето писмо Зеленски истакна дека прашањата поврзани со Украина и Европа не можат да се решаваат без директно учество на засегнатите страни, додека Кремљ и понатаму инсистира на своите услови поврзани со териториите што Москва ги смета за дел од Русија.

Рускиот претседател оцени дека во моментов Украина е страната која најмногу е заинтересирана за средба, бидејќи сака да ја запре руската офанзива. Воедно, тој упати порака за поддршка до руските сили на фронтот.

По изјавите на рускиот претседател, Зеленски реагираше со оценка дека Москва повторно избира продолжување на војната наместо дипломатско решение. Според него, одбивањето на директни разговори покажува дека Кремљ не е подготвен за брз прекин на конфликтот и дека е потребен дополнителен меѓународен притисок врз Русија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата