Потврдено: Планот на Нетанјаху не е дел од планот на Трамп

3.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потврдено: Планот на Нетанјаху не е дел од планот на Трамп

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за заземање на 70 проценти од Појасот Газа не е дел од планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

На сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Рубио, одговарајќи на прашање за ставот на Соединетите Американски Држави, во врска со најавената цел на Нетанјаху за окупирање на 70 проценти од Газа, рече дека САД имаат план и дека „во тој плат тоа не е предвидено“,пренесува АП.

„И, на крајот на краиштата, ние разбираме дека она што го сакаме, и мислам дека Израелците на крајот би го сакале, е Газа управувана од ентитет различен од Хамас“, рече Рубио.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата