По 60 години забрана, објавена е снимката од експлозијата на најсилната атомска бомба (ВИДЕО)

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 60 години забрана, објавена е снимката од експлозијата на најсилната атомска бомба (ВИДЕО)

Ја изградиле Советите, а планирале да има моќност од 100 мегатони! Сепак, моќта била преполовена поради прекумерниот ризик од радијација и ширење на реактивни честички во атмосферата.

Бомбата со застрашувачка моќ била тестирана на 30 октомври 1961 година, во близина на брегот на Северниот остров, во Арктичкиот Океан.

40-минутната снимка била означена како „доверлива“ и скриена од јавноста цели 60 години, кога е објавена од Државната корпорација за атомска енергија РОСАТОМ.

За споредба, бомбата Цар беше многу поразорна од најголемата хидрогенска бомба што Америка некогаш ја тестирала (Проект замок Браво).

Нејзината должина била осум метри, а тежината импресивни 27 тони, пренесува LadBible.

Поради димензиите, не можела да се смести во најголемиот бомбардер во тоа време (Ту-95В), па Советите морале да ги отстранат неговите резервоари за гориво.

Истата била фрлена од височина од 10,5 километри и детонирана на четири километри над земјата. Самата експлозија била видлива од неверојатни 1.000 километри.

Озлогласената „печурка“ била повисока од Монт Еверест, а областа со пречник од 35 километри била целосно уништена.

Бомбата Цар била една од последните (надземни) тестирани атомски бомби.

Две години подоцна, СССР, Велика Британија и САД го потпишаа Договорот за PTBT со кој се забранува тестирање на нуклеарно оружје во атмосферата, вселената и под вода. Овој документ дозволува само детонации под земја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата