„Сигурните и доверливи гаранции се клучни за праведен и траен мир. Ја поздравувам подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции како дел од напорите на ‘Коалицијата на подготвените’“, се вели во изјавата на канадскиот премиер.
„Лидерството на претседателот (Доналд) Трамп и на Соединетите Американски Држави создава можност за ставање крај на незаконската војна на Русија во Украина“, додаде Карни.