Мелони планира учество на средбата Трамп – Зеленски во Вашингтон

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони планира учество на средбата Трамп – Зеленски во Вашингтон

Според италијанските медиуми, таа сака да ја истакне својата улога во решавањето на украинската криза, при што нејзиниот пристап се разликува од оној на останатите европски лидери.

Во меѓувреме, Германија, Франција и Велика Британија треба денеска да одлучат дали нивните лидери – канцеларот Фридрих Мерц, претседателот Емануел Макрон и премиерот Кир Стармер – ќе отпатуваат во САД. Западните сојузници сакаат координиран настап, но официјална покана од Вашингтон сè уште немаат добиено. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата