Израел прикажа снимка од воените авиони, откако ги пресретнаа иранските ракети (ВИДЕО)

14.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел прикажа снимка од воените авиони, откако ги пресретнаа иранските ракети (ВИДЕО)

На видеото се гледа како борбениот авион слетува на пистата.

„Гледајте како борбените авиони Ф-35И Адир се враќаат во воздухопловната база Неватим откако успешно го заштитија воздушниот простор на Израел“, се вели во натписот на видеото на мрежата Х.

Да потсетиме, портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари рече дека израелската противвоздушна одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 ирански ракети лансирани кон Израел.

Хагари рече дека Иран лансирал 170 беспилотни летала кон Израел и ниту едно не влезе во израелскиот воздушен простор, но сите беа соборени надвор од границите на земјата од Израел и неговите сојузници, објави Франс 24.

Беа лансирани 30 крстаречки ракети, а ниту една не влезе во воздушниот простор на Израел, рече Хагари, додавајќи дека 25 биле соборени од израелските воздухопловни сили.

Според Хагари, Иран истрелал 120 балистички ракети кон Израел, од кои некои ја погодиле воздушната база Неватим во јужен Израел.

Тој изјави дека имало мали оштетувања на инфраструктурата во базата, но дека таа работи нормално.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата