Меѓу 18-те американски компании што ИРГК ги таргетира се Microsoft, Google, Apple, Intel, IBM, Tesla, Boeing, Oracle и Meta.
„Овие компании треба да очекуваат уништување на нивните единици како возврат за каков било терористички чин во Иран, почнувајќи од 20:00 часот по техеранско време во среда, 1 април“, се вели во соопштението на ИРГК, објавено од Tasnim.
ИРГК соопшти дека американските компании за информатичка технологија и вештачка интелигенција ќе бидат цел бидејќи се „главен елемент во дизајнирањето и следењето на целите“ во Иран.
„Им советуваме на вработените во овие институции веднаш да ги напуштат своите работни места за да ги заштитат своите животи. Жителите околу овие терористички компании во сите земји во регионот, исто така, треба да ги напуштат своите простории во радиус од еден километар и да одат на безбедно место“, се вели во соопштението.

