Во соопштението од Амбасадата на САД се наведува дека се следат извештаите за закани кон локациите каде што се собираат американски граѓани, пишува Ројтерс.
Можни цели на напади
„Ги советуваме американските граѓани дека хотелите и другите места за собирање, вклучувајќи ги американските бизниси и американските образовни институции, може да бидат потенцијални цели“, се вели во предупредувањето. Амбасадата ги повика Американците да останат во затворен простор и подалеку од прозорците до понатамошно известување.
Реакција на заканите од Иран
Најновото предупредување доаѓа откако Иранската револуционерна гарда објави дека ќе ги таргетира американските компании на Блискиот Исток почнувајќи од 1 април, според извештаите на државните медиуми. Се вели дека тоа е одмазда за нападите врз Иран.

