Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина

24.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина

Во говорот што го одржа на свечената пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур, посветена на најголемото проширување на ЕУ во историјата - со 10, главно поранешни комунистички земји од истокот на континентот - таа ја опиша Русија како „егзистенцијална закана “ во Европа.

„Ако Русија ја добие војната, Европа повеќе нема да биде иста“, нагласи Фон дер Лајен и повика на продолжување на помошта за Украина.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја разбира само силата. Путин мислеше дека Европа нема да и помогне на Украина, но згреши. Мислеше дека американскиот Конгрес нема да гласа за доделување нова помош за Украина, но згреши, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека Украина го направила својот европски избор, а ЕУ го направила својот избор еден ден да ја прифати земјата како нејзина членка.

Фон дер Лајен посвети внимание на клучната улога на земјите кои се приклучија на Европската унија во 2004 година во помагањето на земјата нападната од Русија.

„Да живее Европа“, додаде Фон дер Лајен.  /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата