10 дена конфликт на Блискиот Исток - остар пад на берзите и драстичен скок на цената на нафтата

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
10 дена конфликт на Блискиот Исток - остар пад на берзите и драстичен скок на цената на нафтата

Стравувањата се дека поради војната може да дојде до долготрајно нарушување на снабдувањето со енергенски преку Ормунскиот теснец каде транзитира речиси една петина од светската нафта. Сепак, американскиот претседател Трамп преку социјалните мрежи, порача дека краткорочниот скок на нафтата, која надмина 110 долари за барел, е мала цена што треба да се плати за мирот и безбедноста на САД и светот.

Дека властите во САД планираат да продолжат со воените дејствија потврди и министерот за одбрана Пит Хегсет кој нагласи дека Вашингтон ќе ги поставува условите за мир.

-Се бориме за победа. Тоа значи дека ние ги поставуваме условите. Ќе знаеме кога нема да бидат способни повеќе да се борат. Ќе има момент кога нема да имаат друг избор освен да го направат тоа. Без разлика дали се свесни или не, тие ќе бидат борбено неефеикасни. Тие ќе се предадат,- - Пит Хегсет – Министер за одбрана на САД.

За продолжување на војнаата се подготвува и Иран, кој во меѓувреме доби нов врховен лидер. Станува збор за педесет и шест годишниот Моџтаба Хамнеи, вториот син на Алјатолахот Али Хамнеи кој заедно со дел од неговото семејство беа елиминирани во американско – израелските напади на првиот ден од војаната. Неговиот избор беше потврден на иранската национална телевизија.

-Ајатолах Моџтаба Хосеини Хамнеи е назначен како трет лидер на светиот систем на Исламската република Иран. Изборот е направен едногласно од претставниците на собранието на експерти,- - Иранска национална телевизија.

Според јавно достапните информации, Моџтаба Хамнеи е поранешен член на иранската револуционерна гарда кој учесвувал и во Иранско – Ирачката војна и досега не бил високо позициониран во религиската хиерархија во Иран. Но, како и неговиот татко се смета за тврдокорен во неговите гледишта.

Неговиот избор доаѓа и покрај предупредувањата на американскиот претседател Трамп дека тој е неприфатлив, но и заканите од Израел дека ќе биде елиминиран. Дел од позначите на регионот пак, потегот на Техеран го оценија како директна порака дека властите немаат намера да остстапат од своите позиции.

-Бизарно, но тој (Моџтаба Хамнеи) никогаш не бил на избрана функција и е доста непознат за иранскиот народ од кој мнозинството никогаш не го видело ниту слушнало како говори во јавност. / Ова е начин на режимот да каже дека што и да сака САД, ние нема да го направиме тоа, ние се враќаме назад на вообичаеното работење. - Филип Тел – Аналитичар .

Речиси истовремено со објавата на името на новиот Ајатолах, Иран ги продолжи нападите врз околните земји од заливот, а погодена беше и една од главните рафинерии во Бахреин по што земјата, следејќи го примерот на Кувајт и Катар прогласи суспензија на испораката на енергенси.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата