Во соопштението се наведува дека ракетата е уништена од системите за воздушна одбрана на НАТО распоредени во Источен Медитеран и дека делови од ракетата паднале во југоисточна Турција.
- НАТО повторно пресретна ракета што се упатуваше кон Турција. НАТО цврсто стои во својата подготвеност да ги брани сите сојузници од каква било закана, објави на Икс портпаролката на НАТО, Алисон Харт, без да наведе дали проектилот е соборена во турскиот воздушен простор.

