Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека таа се врати во топ форма толку брзо по породувањето.
Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил.
Италијанската спортска водителка се породи пред три недели и донесе син на свет. Таа веќе има ќерка со сопругот, германскиот голман Лорис Кариус.
Дилета, која многумина ја сметаат за една од најатрактивните жени во светот, објави фотографија на која лежи на кауч во црна облека.
Носеше облека што личи на костим за капење. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека толку брзо се вратила во врвна форма по породувањето.
