Поранешната водителка Бојана Јанковиќ синоќа била пронајдена мртва во својот стан во Белград.
Во Србија синоќа одекна веста дека поранешната водителка на ТВ Пинк Бојана Јанковиќ е пронајдена мртва.
На телото на водителката, која во октомври би наполнила 47 години, немало видливи траги на насилство, а Брзата помош констатирала смрт околу 19 часот.
За нејзината смрт е известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое нареди обдукција.
Извор близок до покојната водителка, кој инсистираше на анонимност, за Pink.rs изјави дека Бојана тешко се разведувала од Огњен Јанковиќ, како и дека неодамна починал нејзиниот брат, за кого била исклучително приврзана.
По смртта на нејзината мајка, таа се вратила во својот стан во Нов Белград.
Како што дознава <a href="https://pink.rs/domaci/589205/pinkrs-na-novom-beogradu-ovde-je-pronadjeno-bezivotno-telo-voditeljke-bojane-jankovic-u-ovom-bloku-je-zivela-nakon-majcine-smrti-tuga-do-neba-fot">Pink.rs,</a> во оваа зграда е пронајдено безживотното тело на водителката која се прослави во емисијата „City“ на почетокот на 2000-тите на ТВ Пинк.