Телото на актерот
Бата Живојиновиќ повеќе не почива во Алејата на заслужните граѓани, каде што
беше погребан во 2016 година.
Последната желба
на Бата Живојиновиќ била да биде погребан покрај сопругата Јулијана Лула
Живојиновиќ, во семејната гробница во селото Кораќица, каде што израснал
актерот.
Посмртните
останки на Бата денеска беа преместени во Кораќица и на славниот актер му се
исполни последната желба.
„Тоа беше нивната
голема желба да бидат заедно и мислам дека е сосема логично луѓето кои поминале
повеќе од 60 години заеднички живот да бидат заедно засекогаш. Тогаш прво го
прашав нашиот татко Жељко Милиќ, парохискиот свештеник на црквата Св. Света Троица.
Тој рече дека морам да го прашам епископот Јован Шумадијски, па му се јавив на
телефон од Париз и ја поставивме мајка Лула таму и оставивме едно гробно место
каде што требаше да биде Бата, изјавил во една прилика синот на Бата, Миљко
Живојиновиќ.
„Веднаш потоа
почна корона вирусот и две години не можевме да го преместиме Бата, а ги добив
сите потребни дозволи во 2020 година. По неколку месеци по смртта на мајка ми и
кога помина корона вирусот, почнавме со работа, со копање и потоа се покажа
дека тука има водовод од село Кораќица. Моравме да донесеме багер, кој го
помести водоводот за околу пет метри и чекавме најмалку една година да се смири
земјиштето и да поминат сите четири сезони, сега влеговме во таа процедура -
направивме и голем споменик од бел мермер, рече Миљко Живојиновиќ.