Марлен Дитрих
можеби е една од ретките актерки кои имале свое мислење и јавно го кажале. И
тоа не само на политички план, туку и на некои човекови права.
Како се
однесувала во триесеттите и четириесеттите години на минатиот век е нешто што е
многу актуелно денес: дека нејзиниот брак бил многу неконвенционален, дека не
се грижела премногу за мислењето на другите луѓе за неа, дека имала свој начин
на живот и приватен и професионален, дека е многу образована и дека го негува
својот интелект. Нејзе и било важно да биде своја.
Марлен Дитрих била
повеќе од актерка и пејачка - таа била икона која го обликувала своето време и
поставила стандарди кои ги менувале општествените норми и ставови.
Родена во Берлин
на 27 декември 1901 година, таа станала синоним за елеганција, софистицираност
и неконвенционалност.
Филмската кариера
ја започнала во дваесетите години на минатиот век, а во триесетите станала една
од најценетите актерки, како и најплатената кабаре танчерка во светот.
Забележителни
улоги остварила во филмовите „Синиот ангел“, „Жената за која се компнее“,
„Шангај експрес“, „Ѓаволот е жена“ и „Сина Венера“. Иако улогите често биле
дефинирани со нејзиниот сензуален и мистериозен изглед, Марлен покажала и
значителен актерски талент.
Била номинирана и за Оскар за најдобра женска
улога во филмот „Мароко“ (1930).
Сепак, нејзината
привлечност не била само убавината или актерскиот талент, таа била фигура која
провоцира и храбро се борела за своите верувања.
По избувнувањето
на Втората светска војна, таа одбила да се врати во Германија под нацистичко
управување. Таа активно ги поддржувала сојузничките сили настапувајќи за
американските војници на фронтот. По војната ја продолжила својата филмска
кариера, но активно учествувала и во хуманитарни и политички активности.
Настапувала и како кабаре пејачка, каде со својот заводлив глас пеела на повеќе
јазици. Нејзиниот најпознат хит „Лили Марлен“ станал неофицијална химна на
војниците од сите страни за време на Втората светска војна.
Таа била
одликувана со Француската Легија на честа и американскиот медал на слободата,
додека во Германија ја сметале  за
„предавник на татковината“. Официјалните признанија дошле доцна. Дури во 1997
година таа добила свој плоштад во Берлин, со посвета: „Берлинска светска ѕвезда
на филмот и шансонот“ Завет за слобода и демократија, за Берлин и Германија“.
Стогодишнината од
нејзиното раѓање, во 2002 година, беше прославена со голема помпа кога
Германија официјално и се извини за непријателството, а градот Берлин постхумно
и додели статус на почесен граѓанин.
Приватниот живот
на Марлен бил исто толку интригантен како и нејзината кариера. Живеела надвор
од тогашните општествени норми. Се декларирала како бисексуалка, носела машка
облека во јавност, имала отворени односи и со мажи и со жени. Била далеку пред
своето време и остана симбол на бестрашноста и слободата.
Марлен Дитрих
починала на 6 мај 1992 година во Париз на 90-годишна возраст, но нејзиното
влијание врз светската култура живее и денес.