„Златната топка“ оваа година за првпат ќе се додели во Лондон

28.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Златната топка“ оваа година за првпат ќе се додели во Лондон
ФОТО: Ballon d`Or/X

Церемонијата на доделување на „Златната топка“ за 2026 година ќе се одржи во Лондон. Денеска беше објавен и датумот за церемонијата која ќе биде дел од јубилејот, 70 години од доделувањето на првата наградата „Франс Фудбал“

Настанот треба да се одржи на 26 октомври. Нагрдата за првпат ќе се додели во Лондон, а изборот на местото е во чест на Стенли Метјуз, кој стана првиот добитник на „Златната топка“ во 1956 година.

Церемонијата за доделување на „Златната топка“ традиционално се одржува во Париз. Во 2025 година, наградата ја освои крилниот напаѓач на ПСЖ, Усман Дембеле.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата