Најмалиот син на фудбалската легенда Лионел Меси, Чиро, предизвика вистинска возбуда со својот настап на детски турнир. Додека неговиот татко се подготвува за своето шесто Светско првенство со аргентинската репрезентација, малиот наследник веќе прави сериозни чекори во фудбалот.
Минатиот викенд, детскиот тим на Интер Мајами триумфираше на турнирот „Дримс куп“, а Чиро Меси блесна во неговите редови. Сепак, неговиот успех не застана тука – тој беше прогласен за најкорисен играч (MVP) на натпреварувањето и заврши како најдобар стрелец, што веднаш го привлече вниманието кон него. Иако сè уште е во категоријата до 8 години, некои од неговите голови од далечина покажуваат исклучителен квалитет и прецизен шут со десна нога. За време на турнирот, Меси помладиот постигна прекрасен гол директно од слободен удар, а во финалето постигна еден од головите што му ја донесоа титулата на неговиот тим.
“Jugamos bien porque le hicimos caso al entrenador” 🥹🏆
Ciro Messi y sus palabras después de salir campeón con los U8 y ganar el MVP de la final. Vamos Ciro! 👏 pic.twitter.com/4KaeoUcrqt
— Inter Miami CF Academy (@InterMiamiAcad) May 27, 2026
Чиро не е единствениот син на ѕвездата кој се занимава со фудбал. Неговите постари браќа, Тијаго (13) и Матео (10), се исто така редовни учесници на тренинзите и натпреварите во младинската школа на клубот од Мајами, ама Чиро е нешто посебно.
Неговата мајка, Антонела Рокуцо, сопругата на Лео Меси, не ја криеше својата гордост. Таа беше првата што сподели видео од најдобрите настапи на својот син на социјалните мрежи, покажувајќи како талентот се пренесува од генерација на генерација – од Лео на Чиро, од Меси на Меси.

