Ужасен гаф на коментаторот на РТС: Како Партизан да не е српски клуб!(ВИДЕО)

7.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужасен гаф на коментаторот на РТС: Како Партизан да не е српски клуб!(ВИДЕО)
ФОТО:facebook.com/FKPartizanBG/

И тоа го има на Балканот, поточно во Србија. Не е тајна дека режимот на претседателот Вучиќ и тоа како внимава на деталите, посебно кај медиумите, и ретко кој смее нешто да “зуцне“ против Ц.Звезда. Затоа Партизан, некогашниот гигант, е во немилост, па се случуваат неверојатни гафови кога овој клуб ќе игра во Европа и кога ќе има успешна одбрана коментаторот на РТС да каже “штета“ наместо “среќа“.

Фудбалерите на Партизан направија голем чекор кон квалификациите за плејофот за Конференциската лига, откако го победија Тобол со убедливи 3:0.

За време на еден опасен напад на гостите, кога играчите на Тобол се заканија дека сериозно ќе го загрозат голот на Милош Круниќ, едно непрецизно додавање ја уништи акцијата и ѝ дозволи на одбраната на Партизан да интервенира и да ја отстрани опасноста. Сакајќи да ја коментира успешната одбрана на белградскиот тим, коментаторот на РТС наместо „Среќа!“ извика „Штета!“.

Потоа сакаше “саркастично“ да се извини, ама јасно е дека ова е ужасен гаф кој не е случаен. Како Партизан да не е српски клуб.

Токму затоа веќе втор ден социјалните мрежи во Србија “вријат“. Што да се каже за фановите на Партизан?


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата