Хрватскиот судија Тихомир Пејин, кој сега е задолжен за ВАР на фудбалските натпревари, а воедно е и директор на аеродромот во Осиек, беше претепан во петок наутро во овој град.
Полицијата и службите за итни случаи го пронајдоа 40-годишниот маж како лежи на улица, а соседите кои го видоа физичкиот напад врз Пејин повикаа служби за итни случаи и се обидоа да му помогнат на Пејин.
„Не знам зошто бев нападнат, ниту кој ме нападна, и се надевам дека полицијата ќе ги пронајде напаѓачите“, изјави Пејин за гхрватските медиуми.
Непријатниот настан се случил во близина на стадионот Градски врв, каде што игра Осиек. Пејин е пренесен во КБЦ Осиек, каде што е утврдено дека Пејин не добил сериозни повреди.
Сведоци велат дека двајцата мажи што го нападнале биле маскирани и дека едниот од нив возел електричен тротинет. Штом се приближиле до Пејин, извадиле палки и почнале да го удираат по телото. Изненадениот фудбалски судија паднал на тротоарот, а напаѓачите продолжиле да го клоцаат сè додека не се огласила сирената на автомобилот, што го предупредило соседството, предизвикувајќи ги насилниците да избегаат.