Пума го претстави дресот на Србија за ЕУРО 2024! (ФОТО + ВИДЕО)

28.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пума го претстави дресот на Србија за ЕУРО 2024! (ФОТО + ВИДЕО)

Од страна на германскиот производител на спортска опрема, Пума, и официјално претставен е дресот со кој репрезентацијата на Србија ќе игра на претстојното ЕУРО 2024 кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Јасно е дека главниот дрес е со црвена боја, додека “резервниот“ е со бела. Нема некои посебни измени во дизајнот, но сепак не изгледа така лошо, иако првите реакции во јавноста кај нашиот северен сосед се онака, поделени, како и секогаш во вакви прилики.
За разлика од поранешните гарнитури, сега на предниот дел од дресот нема број.

Србија на ЕУРО 2024 е во група со Англија, Данска и Словенија, но нема еуфорија, нема којзнае какви очекувања. Конечно и фановите во таа земја сфатија дека со сегашниот селектор Драган Стојковиќ – Пикси не треба да се очекува ништо позитивно во однос на резултатите, за играта да не говориме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата