Пресврт: Чави се договорил со Лапорта, останува на клупата на Барса и следната сезона!

25.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пресврт: Чави се договорил со Лапорта, останува на клупата на Барса и следната сезона!

Чави Ернандез ќе остане тренер на Барселона до истекот на договорот во 2025 година, соопштија доцна синоќа шпанските медиуми.

Чави во јануари најави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, но за „Франс прес“ од Барселона потврдија дека тој ќе продолжи да работи во клубот до истекот на договорот.

Поранешниот играч на Барселона го продолжи договорот минатата есен. Шпанските медиуми претходно денеска објавија дека за време на разговорите со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте и спортскиот директор Деко, Чави одлучил да остане во клубот до крајот на договорот.

Оваа вест прво ја објави каталонскиот спортски весник „Мундо Депортиво“, а потоа ја потврдија и мадридските весници „АС“ и „Марка“.

Како што опиша „Мундо Депортиво“, вчера се воделе долги разговори на тајна локација, а конечниот договор бил постигнат во домот на првиот човек на Блауграна, Жоан Лапорта.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата