Полувреме: Хаверц “тресе“ за водство на Арсенал!

30.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полувреме: Хаверц “тресе“ за водство на Арсенал!
ФОТО:x.com/ChampionsLeague

ПСЖ – Арсенал 0:1 е резултатот од првото полувреме од финалето во ЛШ кое се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта.Стрелец на тој гол за шампионот на ПЛ беше Каи Хаверц во 6.минута кога прво продре по левата страна за да потоа со силен удар просто ја “скина“ мрежата на Сафонов.

Да потсетиме дека Хаверц беше стрелец за Челзи во финалето 2021 кога тимот од Лондон славеше против Манчестер Сити со 1:0.

ПСЖ во првото полувреме не можеше да ја пробие одбраната на противникот, првите опасности пред голот на Раја беа во финишот на првото полувреме кога Руиз и Дембеле се заканија, сепак на пауза се замина со тие 0:1 за Арсенал. Хаверц во 45+4.минута можеше да стрела и за 0:2, но ништо од тоа.

Интересно, имаше корнер за Арсенал, ама судијата Зиберт не дозволи да се изведе туку го заврши првото полувреме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата