Со победата од 3:1 вечерва, тимот на Њукасл на домашен терен успеа речиси да ги уништи шансите на Вест Хем за евентуален осптанок сезонава. „Чеканите“ се надеваа на нешто од ова гостување, но загубија и сега судбината им е речиси запечатена.
По само дваесетина минути домаќинот веќе имаше 2:0, откако погодија Волтемаде, односно Осула.
Истиот играч во 65. минута реализираше за 3:0, за да Кастелањос четири минути подоцна намали на 3:1, со што беше поставен конечниот резултат.
Тотенхем е место погоре на табелата од Вест Хем и има 38 бодови, а „Чеканите“ се на позиција која води во втората лига со 36 бодови на коло до крајот.

