Попладнево од терминот од 16 часот, се одиграа четири средби од 37.коло во Премиерлигата. На Брентфорд кој играше дома со Кристал Палас му требаше победа за надеж за пласман и во ЛШ, но сепак на крајот мечот заврши без победник, 2:2.
Гостите двапати водеа со головите на Сар и Вартон, ама домашните израмнуваа со головите на Куатара. Во последните моменти Брентфорд имаше и зицери, но сепак не победи.
Сандерленд со 1:3 успеа да го победи Евертон, што секако дека е големо изненадување. И треба да се каже дека домашните водеа со 1:0.
Лидс со 1:0 славеше против Брајтон, на кого бодовите и тоа како му беа потребни. Стрелец на победничкиот гол беше Клајверт – Лувин во 90+6.минута.
И во последниот меч Вулверхемптон и Фулам одиграа без победник 1:1.

