Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел.
Перез го реализираше пеналот досуден во 31. минута со кој гостите поведоа со 0:1.
Сепак, на полувреме не заминаа со предност затоа што Ведат Муриќи израмнји на 1:1 уште пред полувремето.
Во вториот дел домаќинот токму преку Муриќи имаше две до три ситуации но истите не беа реализирани.
Виљареал сега има 69 бодови и по 35 кола е трет, додека пак Мајорка е тринаесетта со 39 поени на контото.

