Уште еден доказ дека “кралевите“ не се навикнати на пораз. Ништо ново од нив.Имено Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, нема да биде во ложата на „Камп Ноу“ вечерва за да го гледа „Ел Класико“ против ФК Барселона. Барселона го потврди ова на својот список на гости во ВИП ложата. Највисок претставник на мадридскиот клуб ќе биде Пири, неговиот почесен претседател. Емилио Бутрагењо, директор за институционални односи на Реал Мадрид, исто така, ќе биде отсутен. Барселона ќе ја претставуваат и Рафа Јусте и Хоан Лапорта, сегашниот и новоизбраниот претседател на ФК Барселона. Рафаел Лузан и Хавиер Тебас, претседатели на RFEF (Кралска шпанска фудбалска федерација) и Ла Лига, соодветно, ќе бидат на „Камп Ноу“.
sportmedia.mk

